Дома Фудбал Фудбалер од Лион обвинет за убиство на младо момче (16)

Фудбалер од Лион обвинет за убиство на младо момче (16)

Фудбалскиот клуб Лион е потресен од новините дека еден од нивните млади таленти од академијата е обвинет за убиство!

Инцидентот се случил во неделата навечер во северното предградие на Лион, Калијур-ет-Кјур, кога 16-годишниот „Chems Z“ бил нападнат со нож додека бил со двајца пријатели околу 22:30 часот. Момчето добило убодна рана во горниот дел од телото и било пренесено во болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Локалната полиција брзо уапсила 13-годишен член на академијата на Лион, кој живеел во близина, и покренала обвинение за убиство. Поради возраста на осомничениот, неговото име не е објавено.

Градоначалникот на Калијур, Бастиен Жоан, изјави:

– Нашата заедница е погодена од оваа трагедија. Сите жалиме заедно со семејството. Ова не беше поврзано со дрога или криминални мрежи – стануваше збор за личен конфликт кој излезе од контрола. Општеството мора да реагира и не смее пасивно да гледа, за никогаш повеќе расправа да не заврши со смрт на дете.

Лион, кој моментално е на врвот на табелата на Лигата 1 по прифатената жалба за финансиски санкции, сега се соочува со нов предизвик внатре во академијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Карагер: Ливерпул е однесува како Рел Мадри и Јунајтед со Фергусон!

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, а сега експерт за анализа на Скај Спорт, Џејми Каргер, ј…