Поранешниот холандски играч за врска Едгар Давидс неславно ја започна епизодата на клупата во португалскиот третолигаш Олханенсе. Давидс после долго време се врати на тренерската работа. Тој ја прифати понудата на Олханенсе, а вчера неговиот тим одигра 0:0 против Лустијано Еворе. На дебито нервозниот Давидс заработи исклучување. Му приговараше на судијата после неколку стартови, а тој му покажа црвен картон. …