Дома Фудбал Останато Репрезентативецот на Германија ја комплетираше колекцијата „Покемони“

Репрезентативецот на Германија ја комплетираше колекцијата „Покемони“

Германскиот репрезентативец Кристоф Крамер очигледно е голем фан на „Покемон“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Крамер потроши голема сума на пари за да ја набави целата колекција сликички од „Покемон“ и гордо позираше пред истата.

Оригинална целосна колекција вреди помеѓу 350.000 и 400.000 долари, а Крамер успеа да ја комплетира.

„Ова секогаш било мој сон, додека бев дете сакав да ги имам сите сликички. Сега конечно успеав во тоа“, порача играчот на Борусија Менхегладбах.

Крамер успеа да ги собере сите сликички од оригиналното издание на „Покемон“ вклучувајќи ја и сликичката од Чаризард која самата чини скоро 200.000 долари што е навистина неверојатно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Германците тврдат дека зад кулисите на Светското првенство се подготвува голем скандал

Светското првенство наскоро би можело да се најде во центарот на еден од најголемите сканд…