Aмериканскиот фудбалски прволигаш Интер Мајами, чиј сопственик е Дејвид Бекам го отпушти уругвајскиот стратег Диего Алонсо (45).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мајами во својата прва сезона во МЛС заврши на 10. место на источната конференција и не успеа да се пласира во плеј-офот.
„Беше ова тешка година и многу тешка одлука за сите, но веруваме дека е правилен чекор за нашиот клуб. Нашите очекувања се големи“, изјави Жорге Мас, еден од соработниците на Бекам.
Британските медиуми шпекулираат дека најголем фаворит за клупата на Интер Мајами е легендарниот Фил Невил кој во овој момент е селектор на женската репрезентација на Англија.
Невил веќе најави дека ќе ја напушти репрезентацијата во јули кога му завршува договорот.