Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер бил итно пренесен во болница откако му се влошила здравствената состојба.
„Татко ми е во болница. Ќе биде подобар, потребно му е време да се одмори. Сега во име на нашето семејство сакам да замолам за приваност“, порача ќеркатан а Блатер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според информациите на „Гардијан“ Блатер во овој момент е во добра здравствена состојба.
Ова не е првпат Блатер да има проблеми со здравјето, слично му се случи во ноември 2015 година и во јули 2016 година.
Покрај проблемите со здравјето, Блатер има проблеми со правдата затоа што е обвинет за перење пари и малверзации.