Поранешниот француски репрезентативец, Патрис Евра го пофали неговиот сонародник од Челзи, Оливие Жиру. Жиру во последно време игра одличен фудбал и влезе во супер голгетерска форма. Французинот посебно блесна против Севиља кога ги постигна сите четири гола за Челзи во победата од 4:0. Во тој дуел Жиру стана најстариот играч кој постигнал хет-трик во најелитното европско натпреварување. Голгетерската форма ја …
