Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар се огласи преку социјалните мрежи после повредата на синоќешниот меч со Лион.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Денес стана јасно дека повредата на Бразилецот не е толку сериозна, нема скршеница и нема да биде потребна операција.
Точната дијагностика се уште не е доставена, меѓутоа кога не е скршеница во прашање јасно е дека тој ќе паузира само неколку недели.
„Моите солзи беа од болка, очај, страв, мака, операција, патерици и други ужасни спомени…Можеше да биде полошо но ме спаси Бог од сериозна повреда“, напиша Нејмар на Инстаграм.
