Дома Фудбал Останато Избран Идеалниот тим на сите времиња 📷

Избран Идеалниот тим на сите времиња 📷

Еминентниот „Франс Фудбал“ денес го објави Идеалниот тим, составен со најдобрите фудбалери во историјата.

Весникот, кој ја избра формацијата 3-4-3 ги откри имињата на фудбалерите во три блока. Прво беше објавен голманот, легендарниот Лав Јашин, и тројцата дефанзивци пред него, Кафу, Франц Бекенбауер, Паоло Малдини.

Потоа беа објавени и играчите кои го сочинуваат средниот ред, Чави, Лотар Матеус, Пеле и Диего Марадона.

Нападот го сочинува Лионел Меси, Кристиано Роналдо и Луис Назарио – Роналдо.

Минатиот месец „Франс Фудбал“ објави 110 фудбалери кои важат за најдобри на сите времиња, а Идеалниот тим беше избран со гласање на 140 новинари од целиот свет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Историска победа за Комо, убедливи триумфи на Јунајтед и Баерн, и неверојатен пресврт на Ланс

Вечерта низ Европа беше динамична со четири натпревари од првото коло на групната фаза на …