Дома Фудбал Останато Халанд: Мој сон е да ја освојам ЛШ, Ибрахимовиќ и Роналдо се двајца феномени

Халанд: Мој сон е да ја освојам ЛШ, Ибрахимовиќ и Роналдо се двајца феномени

Кристиано Роналдо и Златан Ибрахимовиќ се идолите на Ерлинг Халанд и негов сон е да ја освои Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Напаѓачот на Борусија Дортмунд игра одлично оваа сезона и постигна 17 голови на 14 натпревари во сите натпреварувања. Сега Халанд откри негови примери се Роналдо и Ибра.

„Двајцата се вистински феномени. Се воодушевував кога ги гледав на ТВ. Тие се примери за мене и не само за мене, нив треба да ги следат сите млади фудбалери. Неверојатно е како играат на таков начин на толку години“, изјави Халанд.

Најголемиот сон на Халанд е да ја освои ЛШ.

„Мојот најголем сон е да ја освојам Лигата на шампионите. Сакам да победувам и освојувам трофеи со Дортмунд. Баерн во овој момент најдобра екипа на светот и ние мораме да пронајдеме начин да го кренеме нашето ниво на игра и да бидеме подобри“, порача норвешкиот голгетер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лампард ја доби наградата за успехот со Ковентри!

Тренерот на фудбалерите на Ковентри, Френк Лампард (48), потпиша нов договор, со кој се вр…