Дома Фудбал (Фото) Еве во што се маскираа Халанд и неговата девојка за Ноќта на вештерките

(Фото) Еве во што се маскираа Халанд и неговата девојка за Ноќта на вештерките

Фудбалерот на Манчестер Сити и норвешката репрезентација, Ерлинг Халанд, многу сериозно ја сфати Ноќта на вештерките. Ангажирал професионален шминкер и стилист за да се маскира во Џокерот, култниот негативец од стриповите за Бетмен. Халанд во препознатливиот виолетов костум и со коса обоена во зелено се упатил до градот.

Луѓето го препознале и биле изненадени кога го виделе во вакво издание. Девојката на Хааланд, Изабел Хаугсенг Јохансен, облекла костим на жена-мачка, исто така лик од DC стриповите. Сето ова било снимано и објавено на неговиот канал на YouTube.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Норвешкиот голгетер оваа сезона има фантастични 18 голови, а неговиот тим во недела во 17:30 игра првенствен натпревар против Борнмут. Халанд неодамна се упатил и во светот на инфлуенсерите. Отвори личен канал на YouTube, а неговото прво видео собра скоро шест милиони прегледи, во кое открива како изгледаат неговите дневни рутини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Геа го брани младиот Кински: Тоа само голманите можат да го разберат…

Шпанецот Давид Де Геа изрази солидарност со младиот голман на Тотенхем, Антонин Кински, от…