
Фудбалерот на Барселона, Фермин Лопез, поради повреда на десната потколеница, ќе биде отсутен од натпреварите во следните две недели, соопшти каталонскиот клуб.
„Фермин има мала повреда на мускулот на десната нога, при што се очекува процесот на опоравување да трае околу две недели“, се наведува во соопштението на Барса.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Се претпоставува дека 22-годишниот среден играч, кој освои европска и олимписка титула со Шпанија, ќе ги пропушти следните три натпревари на каталонскиот клуб во првенството против Алавес, Атлетико Мадрид и Реал Бетис, а неговото учество на натпреварот во Лигата на шампионите против Ајнтрахт на 9 декември е под знак прашалник.
Кон крајот на септември, откако се повреди во препоната, се врати како стартен играч во средината пред Данi Олмо. Во шест натпревари постигна пет голa и четири асистенции.
По поразот од 3:0 во Лигата на шампионите од Челси, Барселона, која во шпанското првенство е на второто место со 31 бод, еден помалку од првoпласираниот Реал, во сабота ја пречекува екипата на Алавес.