Дома Фудбал Флик во голема дилема пред „Ел Класико“

Флик во голема дилема пред „Ел Класико“

Фудбалерите на Барселона денес имаат историска шанса против својот најголем ривал Реал Мадрид да ја одбранат титулата првак на Шпанија.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Барселона математички има потреба од само еден бод за и официјално да стане шампион на Ла Лига, и тоа трети пат во последните четири години.

Барселона испадна од Лигата на шампионите и од тој момент се максимално фокусираше да ја освои титулата што побрзо, иако во меѓувреме остана без Ламин Јамал.

Ханси Флик има токму дилема на десниот крил, како во нападот, така и во одбраната. Најпрво, Германецот се уште не е сигурен кого да избере да го чува Винисиус Жуниор. Жил Кунде и понатаму го ужива неговото доверие, но сериозна опција е Ерик Гарсија.

Во одбраната се сигурни – Пау Кубарси и Ѓерар Мартин како стопери и Жоао Кансело кој има предност пред Алехандро Балде.

Во средниот ред е извесно дека ќе играат Педри и Гави како два централни средни играчи, Дани Олмо пред нив, бидејќи Фермин Лопез во последно време најчесто е на левото крило.

И на крај, тука е големото прашање за десното крило, каде што Флик се двоуми меѓу Рони Барџи и Маркус Рашфорд, откако Рафиња може да игра само ограничено време на крајот.

Нападот веројатно ќе го предводи Роберт Левандовски, кој во мечевите против Реал Мадрид има постигнато шест гола во 10 натпревари.

Натпреварот Барселона – Реал Мадрид е на програма во 21.00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пeрез се согласи на сите услови на Мурињо, па му кажа што мора веднаш да направи кога ќе го потпише договорот

Жозе Мурињо, според сите изгледи, ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид, затоа што Флоренти…