Дома Фудбал Флик пред новинарите искрен како никогаш досега: Кога прифаќате ваква работа, секогаш мора да…

Флик пред новинарите искрен како никогаш досега: Кога прифаќате ваква работа, секогаш мора да…

Барселона синоќа во неверојатен натпревар ги победи своите најголеми ривали Реал Мадрид и го освои Купот на Кралот, а по натпреварот, Флик излезе пред новинарите.

Синоќа од 22 часот беше одиграно фантастично финале на Купот на Кралот помеѓу жестоките ривали Барселона и Реал Мадрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Барселона поведе со голот на Педри по асистенцијата на Јамал во 28. минута, а во второто полувреме Реал Мадрид успеа да направи пресврт со головите на Мбапе и Чуамени.

Во 84. минута Торес постигнува гол за изедначување – по втората асистенција на Јамал на мечот и го одведе овој одличен натпревар во продолженија, каде што Кунде го реши прашањето за победникот.

По натпреварот и прославата, шефот на стручниот штаб на Барселона – Ханси Флик излезе пред новинарите и беше искрен како никогаш порано.

Кога прифаќате ваква работа, секогаш морате да размислувате позитивно. Бев многу изненаден колку сите беа љубезни и колку добро ме пречекаа. Од првиот ден се чувствувам среќен што сум овде во Барселона и во овој клуб”, порача Германецот.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видео Снимка го долови непријатниот момент на повреда на ѕвездата на Фулам

Данскиот дефанзивец на Фулам, Јоаким Андерсен, доживеа сериозна повреда на прстот за време…