Дома Фудбал Флик не трпи „уцени“ – веднаш отпиша двајца фудбалери на Барселона

Флик не трпи „уцени“ – веднаш отпиша двајца фудбалери на Барселона

Зимскиот трансфер период ни е сè поблиску, а изгледа дека и Барселона ќе биде активна на пазарот затоа што Ханси Флик на двајца играчи им кажал дека можат да ги спакуваат куферите и да бараат нов тим.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Барселона ќе може да игра сериозна улога на пазарот бидејќи финансиските проблеми конечно се решени, но изгледа дека Каталонците нема да купуваат премногу во јануари затоа што се подготвуваат за летото.

Сепак, се очекува дека Барселона ќе биде активна кога станува збор за продажба на играчи, бидејќи Ханси Флик веќе даде зелено светло за одредени фудбалери да го напуштат тимот.

Станува збор за Ансу Фати и Ерик Гарсија, кои не добиваа голема минутажа во досегашниот дел од сезоната, а го кренаа својот глас против тренерот, па како што стојат работите, веќе во јануари ќе ја напуштат Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона потврди дека Левандовски си оди, а потоа Флик донесе одлука за Рашфорд

Барселона вчера потврди дека Роберт Левандовски по четири години го напушта каталонскиот к…