Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница усвои повеќе одлуки, меѓу кои и распределбата на финансиските средства за клубовите од Првата македонска фудбалска лига.
Според одлуката, средствата што УЕФА ги доделува преку солидарната шема за сезоната 2024/25 изнесуваат вкупно 1.811.000 евра. Тие ќе бидат поделени рамномерно, при што секој клуб што настапува во Првата лига ќе добие по 150.916 евра.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
„Средствата ќе бидат распределени на клубовите од Прва МФЛ кои ќе ги исполнат критериумите за натпреварувачата сезона (програма за развој и минимум правни информации). Средствата ќе бидат распределени подеднакво, односно секој клуб ќе добие по 150.916 евра“, соопшти ФФМ.