
Макс Ферстапен се врати во борбата за титулата, а како што изгледа, на тоа му претходеше генијално решение од Ред Бул.
Сите љубители на авто-мото спортот се воодушевени од начинот на кој Ред Бул повторно се врати во живот и како Макс Ферстапен “од кал” успеа да стане легитимен кандидат за титулата иако имаше заостанок од 104 поени зад Оскар Пјастри во Мекларен.
Лорен Мекис, директорот на Ред Бул, изјави дека во Сингапур сè изгледаше спектакуларно, а откако заврши летната пауза – Макс не беше пласиран полошо од втора позиција.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Не беше доминантен на домашниот Зандворт, но Монца, Баку и Остин ги „покори“ на супериорен начин.
Ред Бул не зависи од конфигурацијата на патеката, ги видовме на патеките каде што потисната сила е ниска, но и во Остин каде што кривините главно се со средна брзина и на секоја доминираа.
Во Монца претставија нов под и тоа беше голема работа, а да се потсетиме дека уште во Мајами тоа го тестираа на болидот на Јуки Цунода и видоа дека можат значително да се стекнат со предност.
„Сето тоа е прашање на филозофија. Таа покажува како нашиот тим функционира пред, за време и по тркачкиот викенд. Ги слушаме што говорат возачите, не се потпираме слепо на податоците од телеметријата,”, вели Мекис.
Тоа не е целата приказна, а интересен беше и коментарот на Андреа Стела (директорот на Мекларен) кој изјави дека Ред Бул го развива својот болид многу подолго отколку тие и дека тоа е тајната на успехот.
Ефектот на тлото е тема која повеќепати сме ја покривале, за таа филозофија е неопходно болидот да биде што поблиску до асфалтот и суспензиониот систем да биде поцврст за да се извлече максимален перформанс.
Повеќе од 60 проценти од потрошената потисна сила доаѓа од подот на болидот, а кога истиот е спуштен се добива “усисување” и ефектот на тлото е посилен, а во комбинација со рабовите на подот се подобрува течењето на воздухот и тој се “задржува” под подот за да се одржи добар баланс на притисокот.