Дома Македонски спорт Мак ракомет EХФ сега се пишмани, Вардар повторно е фаворит во ЛШ!

EХФ сега се пишмани, Вардар повторно е фаворит во ЛШ!

Ракометниот тим на Вардар претрпе големи промени после минатата сезона и поради тоа пред почетокот на сезоната ЕХФ не го сместуваше помеѓу десетте фаворити за фајнал-фор (тука)

Сепак, на самиот старт после пет одиграни натпревари во Лигата на шампионите работите се променија. Вардар предводен од Парондо повторно игра фантастично и во првите пет натпревари стигна до четири победи.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Според ЕХФ Вардар сега е четврти фаворит за освојување на Европа.

„Вардар претрпе големи промени и изненади оваа сезона. Парондо изгледа го пронајде вистинскиот баланс при изградбата на тимот. Рано е да се носат заклучоци, но Вардар засега импресионира“, стои во анализата на ЕХФ од каде што како што споменавме тимот на Парондо е четврти фаворит.

Во овој момент Барселона е лидер во групата, потоа следуваат ПСЖ и ПИК Сегед, а веднаш зад нив е Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…