Дома Македонски спорт Мак ракомет Eурофарм поразен на гости кај Металопластика

Eурофарм поразен на гости кај Металопластика

Еурофарм денес загуби на гостувањето кај Металопластика во рамките од СЕХА лигата со 27:26.

Металопластика пред своите гледачи однесе победа од еден гол разлика против битолскиот тим. Еурофарм имаше одлично отварање и поведе со 4:0 после десетина минути игра. Сепак, подоцна започна да паѓа ритамот на Битолчани, па на полувреме заминаа со предност од само еден гол 12:11.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Во вториот дел гледавме изедначен натпревар. Еурофарм во поголемиот дел имаше предност, домаќинот за прв пат поведе дури во 56-тата минута. Еуфарм имаше и напад за реми во последните секунди, меѓутоа не го искористи па мораше да се помири со поразот.

Кај Еурофарм Јотиќ беше најефикасен со седум гол, додека на спротивната страна Вегар постигна осум гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…