Tимот на Еурофарм вчера ја запиша својата прва историска победа во СЕХА лигата.
Битолскиот тим беше подобар со 34:29 од Спартак Москва. Русите имаа предност на почеток од натпреварот, но потоа Еурофрам се врати во натпреварот и на полувреме замина со 15:13.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во второто полувреме работатао деше полесно и не дозволија да ја изгубат контролата над натпреварот. Најефикасен беше Невен Стјепановиќ кој постигна 10 гола, додека голманот Митревски запиша 10 одбрани.
Кај Спартак најмногу голови постигна ракометарот кој своевремено го носеше дресот на Вардар, Дервен (8).