Пред точно една година одигран е историскиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Барселона во која „црвените“ славеа со 4:0 и се пласираа во финалето.
Ова е натпревар кој ќе остане запишан во аналите на европскиот фудбал, Ливерпул играше спектакуларно и ја победи Барселона со 3:0, посебен момент кој се памети е корнерот на Трент Александер Арнолд.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Барселона на тој 7. мај дојде на „Енфилд“ како голем фаворит за пласман понатаму бидејќи имаа 3:0 од првиот натпревар и ретко кој можеше да претпостави дека ќе бидат прегазени на „Енфилд“.
Ориги постигна гол за 1:0 после седум минути игра. Со тој резултат се замина на одмор, Барса ги пропушти своите шанси, а потоа дојдоа клучните минути од овој натпревар. Во само две минути (54 и 56) Ванијалдум постигна два гола и на Ливерпул му носи изедначување во вкупниот скор.
Потоа во 79 минута следуваше хаос на „Енфилд“. Арнолд ја искористи невнимателноста на одбраната на Барселона, изведе брз корнер после кој Ориги погоди за ерупција од воодушевување.
На играчите на Барселона не им беше јасно што се случува. Беа целосно збунети и шокот можеше да се види на нивните лица. Ливерпул се пласираше во финалето и стана шампион на Европа, сезонава веќе немаат можност да ја бранат титулата затоа што беа елиминирани од Атлетико Мадрид.