Oва и тоа како би можело да влијае на текот на првенството.
За брутална тепачка, следат брутални казни! Токму со оваа мисла се водеше Фудбалскиот сојуз на Турција кога ги доделуваше санкциите за фудбалерите на Галатасарај и Фенербахче.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ќе потсетиме, овие два тима неодамна одиграа 2:2 во големото дерби, а натпреварот беше завршен со хаос на теренот.
Епилогот е следниот – 28 натпревари суспензија за фудбалерите и 15 за тренерот Фатих Терим и неговиот помошник.
Терим доби седум натпревари суспензија поради навреди кон судијата после натпреварот, додека неговиот помошник Хасан Шаш е казнет со еден натпревар помалку.
Кога во прашање се фудбалерите, ситуацијата е следна: Жалисон од Фенербахче е казнет со осум натпревари, неговиот соиграч Роберто Солдадо шест, толку доби и Рајан Донк од спротивниот табор. Ндиаје од Галатасарај доби пет, а Гари Родригез три.
Во продолжение погледнете и поради што.
#Galatasaray
Jailson ??? pic.twitter.com/clljG02rAD— Barış Balcı (@barisbalci37) November 2, 2018
Players fight after match Galatasaray vs Fenerbahce ?#Galatasaray #Fenerbahce pic.twitter.com/kliVJdmLaT
— Farhaan (@farhaan_bwfc) November 2, 2018