Дома Останати Тенис Eкс-шампионот на Вимблдон: Извинете, ама Ѓоковиќ не е прв фаворит

Eкс-шампионот на Вимблдон: Извинете, ама Ѓоковиќ не е прв фаворит

 Денес започнува неофицијалното тениско светско првенство или популарниот Вимблдон, иако Карлос Алкараз во овој момент е лидер на АТП листата, сепак за најголем дел од спортската јавност прв фаворит е Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ е во низа од четири победи во Лондон и веќе цели десет години нема пораз на натпреварите на централниот терен. Сепак, поранешниот Вимблдон шампион, Германецот Михаел Штих не го гледа Новак како прв фаворит.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Новак сака и има визија да победи на сите четири гренс-слем турнрии, но извинете на Вимблдон не е прв фаворит. Мој прв фаворит е Карлос Алкараз кој пред неколку дена го освои својот прв трофеј на трева (Квинс). Шпанецот навистина брзо учи и има огромна мотивација“, смета Штих.

Првиот меч на Вимблдон, Ѓоковиќ го игра денес од 14:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Руска тенисерка одби да се фотографира покрај Сабаленка, причината ќе ве изненади сите (ВИДЕО)

Феноменалниот крај на годината за Елена Рибакина беше крунисан со победа на Завршниот маст…