Дома Фудбал Лига на шампиони Хау за пеналот на ПСЖ: Не знам какви аргументи има судијата, ќе имам проблем ако кажам што мислам

Хау за пеналот на ПСЖ: Не знам какви аргументи има судијата, ќе имам проблем ако кажам што мислам

Пари Сен Жермен вчера со гол во последните моменти се извлече од пораз против Њукасл (1:1), но тој гол Мбапе го постигна по контроверзен пенал.

Пеналот кој го доби ПСЖ во 97. минута предизвика бура од реакции во фудбалската јавност и најголем дел од експертите сметаат дека Њукасл е и тоа како оштетен во таа ситуација.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Разочарувањето не го криеше и тренерот Еди Хау.

„Се обидувам да се помирам со тоа. Навистина се чувствувам празно, меѓутоа во исто време сум и задоволен од начинот на кој игравме, моите фудбалери го дадоа максимумот. Ни недостасуваше малку среќа на крајот. Пеналот? Каков пенал…топката прво го удри во градите, а потоа во раката, со оглед на тоа колку беше блиску играчот не беше пенал.

Не знам какви аргументи би има лсудијата. Кога топката ќе ве удри прво во градите, а потоа во рака не е пенал. Ако навистина кажам што мислам ќе имам проблем“, изјави Хау.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…