Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид, ќе биде еден од најпосакуваните фудбалери следното лето.
Дејвид веќе неколку сезони игра на врвно ниво и сака да ја промени средината, а веќе влезе во последната година од договорот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Напаѓачот најави дека нема да ја продолжи соработката и ја игра последната година во Лил, па следното лето ќе биде слободен агент.
Таквата ситуација сакаат да ја искористат неколку европски гиганти кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент како Интер, Јувентус, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
Дејвид бара плата од 5 милиони фунти по сезона, сума која англиските клубови се спремни да му ја дадат.
Jonathan David's agent has alerted potential suitors to his £5m-a-year salary expectations, drawing interest from top clubs like Juventus, Inter, Liverpool and Manchester United 💰🇨🇦 pic.twitter.com/gukADorcWQ
— Transfer News (@TransfersLlVE) November 14, 2024