Дома Фудбал Енрике го фати за врат и го удри Педро, а потоа се „правеше луд“ пред камерите (Видео)

Енрике го фати за врат и го удри Педро, а потоа се „правеше луд“ пред камерите (Видео)

Многу чудна изјава даде тренерот на Пари Сен-Жермен по поразот на неговиот тим од Челси во финалето на Светското клупско првенство.

Челси во финалето на ова натпреварување со 3:0 го победи актуелниот европски шампион.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


По натпреварот се видоа несреќни сцени, а камерите јасно го снимија лутиот Луис Енрике како најпрвин го фаќа за врат, а потоа и го удира напаѓачот на Челси, Жоао Педро.

Од друга страна, тој тврди дека се обидувал да ги раздели играчите за време на конфликтот што избувна откако судијата означи крај.

Во центарот на сето тоа беа Жоао Педро, Џанлуиџи Донарума и Ашраф Хакими, а во еден момент во сето тоа се вмеша и Луис Енрике.

„Немам проблем да признам како се чувствував по натпреварот во таков притисок. Сите сме под стрес. Тоа е невозможно да се избегне.

Сите беа вклучени. Тоа не е нешто добро, но сето тоа е резултат на притисокот што го носи овој натпревар.

Го видов тренерот на Челси Енцо Мареска како ги турка играчите. Моравме да ги разделуваме играчите и не знам како сè почна.

Ова се ситуации што треба да ги избегнуваме. Моја намера беше да ги разделам играчите за да не се влоши дополнително“, рече Енрике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неочекуван исход: Геј го нокаутира Кин, доби црвен картон, а потоа следеше вистински „рингов“ спектакл! /ВИДЕО/

Мајкл Кин и Идриса Геј предизвикаа вистински хаос за време на натпреварот на Евертон проти…