Дома Фудбал Реал Мадрид пронајде засилување за критичната позиција: Ќе плати 85 милиони евра за англиски репрезентативец?

Реал Мадрид пронајде засилување за критичната позиција: Ќе плати 85 милиони евра за англиски репрезентативец?

Реал Мадрид во летниот трансфер период мора да донесе стопер, а главен кандидат за таа позиција е англискиот репрезентативец од Евертон 22-годишниот Џарад Брантвејт, објавија британските медиуми во средата. Кралскиот клуб е многу тенок на позицијата стопер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилецот Едер Милитао поради повреда нема да игра до крајот на оваа сезона, додека на Антонио Рудигер (31) и Давид Алаба (32) договорите им истекуваат во јуни следната година. Тренерот на Реал Карло Анчелоти добро го познава Брантвејт, кој дебитираше во Премиер лигата додека Дон Карло го водеше Евертон. Минатото лето Манчестер Јунајтед беше заинтересиран за Брантвејт, но Евертон глатко ја отфрли нивната понуда.

„Карамелите“ бараат висока отштета за англискиот репрезентативец, а тоа и можат бидејќи договорот му важи до јуни 2027 година, со тоа што имаат опција за продолжување за уште една сезона. Британските медиуми наведуваат дека Евертон не е наклонет кон продажба на Брантвејт, но би ја разгледал понуда над 85 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …