Кристијано Роналдо (39) ќе остане запаметен како еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот. Во својата блескава кариера, петкратниот освојувач на Златната топка освои сè што може да се освои со клуб, а со португалската репрезентација беше европски првак. Ја проби границата од 900 постигнати голови, а пред него се уште најмалку две цели.
Роналдо сака да стане првиот фудбалер во историјата кој постигнал 1000 голови во официјални натпревари. Тоа е една цел. Втората желба е она што годинава го оствари Леброн Џејмс, а тоа е да игра со својот син. Џејмс го направи тоа во НБА лигата кога Брони стапи на теренот покрај него, Роналдо би сакал да остане на теренот доволно долго за да дочека да му се придружи Кристијано Јр. (14). Тој во моментот е во фудбалската школа на Ал Наср, клубот за кој Роналдо игра.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Тоа го откри Рене Меуленстен, тренер кој дел од кариерата ја помина во Манчестер Јунајтед, а последниот ангажман го имаше како помошник на селекторот на Австралија.
“Сто проценти, тој тоа го сака. Можеби тоа му е и мотивација за работа. Пред многу време реков, тој нема да замине како свеќа што бавно гори, но постои момент кај сите кога се случува нешто што те приближува до крајот, без оглед на тоа дали го сакаш тоа или не. Но, тој е во добра форма, внимава на себе и би се обложил дека би сакал да игра со својот син,” рече Меуленстен.
Роналдо постигнуваше голови за најголемите европски клубови и сруши многу рекорди во фудбалот. Тој е најдобар стрелец во историјата (910 голови во 1247 натпревари според Трансфермаркт). Тој постигнуваше голови за Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Јувентус…