Дома Останати Тенис „Едвај чекам да го видам Мареј кога Ѓоковиќ ќе загуби нерви и ќе почне да му вика на цел глас“

„Едвај чекам да го видам Мареј кога Ѓоковиќ ќе загуби нерви и ќе почне да му вика на цел глас“

Рускиот тенисер Андреј Рубљов имаше интересен поглед на соработката на Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.

Ѓоковиќ и Мареј изненадија многумина кога објавија дека ќе соработуваат за време на Австралијан Опен, а меѓу нив беше и Рубљов.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Ѓоковиќ е еден од најдобрите во историја, знае сè за тенисот, затоа не знам што Мареј може да му донесе!? Ќе биде интересно бидејќи Новак понекогаш е премногу емотивен на теренот и вика на своите тренери. Затоа едвај чекам да видам како Мареј ќе реагира во такви ситуации”, рече Рубљов.

И самиот познат по неконтролирани изливи на бес за време на натпреварите, често ја исфрла фрустрацијата поради лошата игра врз себе.

„Научив многу. Кога се во прашање резултатите имав многу подеми и падови. Ова беше интересна година, созреав и тоа ми помогна да напредувам. Мојата цел за 2025 година е да бидам психолошки силен“, заклучи Рубљов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Познат терминот за спектаклот меѓу Ѓоковиќ и Зверев

Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралијан Опен, ка…