По првите 45 минути на Арената „Тодор Проески“, Македонија има предност против Англија со голот на Енис Барди од пенал во 42. минута.
Англија имаше повеќе од играта и создаваше прилики, но без некои посериозни прилики.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Македонија како да се ослободи во завршницата од полувремето кога почнавме повеќе да ја имаме топката во наш посед. Некаде на половина од првиот дел се гледаше и ВАР по една спорна ситуација во шеснаесетникот кога погреши Хари Мегваер. Во таа ситуација не добивме пенал.
Но, се играше 42. минута кога главниот судија покажа на белата точка, а Енис Барди откако прво Пикфорд го одбрани неговиот удар успеа да ја смести топката во мрежата.
Enis Bardhi'nin İngiltereye Attığı Gol. pic.twitter.com/lCfNxbwg7j
— Selçuk (@selcukdmrztd) November 20, 2023