Дома Фудбал Останато Eпилог од хаосот кој го приредија Галатасарај и Фенербахче – вкупно 43 натпревари суспензија!

Eпилог од хаосот кој го приредија Галатасарај и Фенербахче – вкупно 43 натпревари суспензија!

galatasaray fenerbahce

Oва и тоа како би можело да влијае на текот на првенството.

За брутална тепачка, следат брутални казни! Токму со оваа мисла се водеше Фудбалскиот сојуз на Турција кога ги доделуваше санкциите за фудбалерите на Галатасарај и Фенербахче.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ќе потсетиме, овие два тима неодамна одиграа 2:2 во големото дерби, а натпреварот беше завршен со хаос на теренот.

Епилогот е следниот – 28 натпревари суспензија за фудбалерите и 15 за тренерот Фатих Терим и неговиот помошник.

Терим доби седум натпревари суспензија поради навреди кон судијата после натпреварот, додека неговиот помошник Хасан Шаш е казнет со еден натпревар помалку.

Кога во прашање се фудбалерите, ситуацијата е следна: Жалисон од Фенербахче е казнет со осум натпревари, неговиот соиграч Роберто Солдадо шест, толку доби и Рајан Донк од спротивниот табор. Ндиаје од Галатасарај доби пет, а Гари Родригез три.

Во продолжение погледнете и поради што.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…