Дома Фудбал Италија Eлмас сепак не ја победил короната: „Дијамантот“ повторно позитивен на вирусот

Eлмас сепак не ја победил короната: „Дијамантот“ повторно позитивен на вирусот

Италијанските медиуми денес објавија дека Елиф Елмас сепак се уште не ја победил короната.

На последните тестирања во Наполи Елмас заедно со Зјелински се уште е позитивен на вирусот. Ова значи дека Елмас дефинитивно нема да игра против Грузија во Скопје на 14. октомври.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ако Елмас беше негативен на овој тест постоеше можност да се приклучи на репрезентацијата сепак, сите шанси и надежи кај нас паднаа во вода со денешниот нов позитивен тест.

Ова секако може да биде проблем затоа што поради повреди Ангеловски не може да смета на неколку фудбалери, а освен тоа и фудбалерите се изморени поради натпреварите во краток период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФФМ донесе важна одлука – ги израдува второлигашите!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе важна одлука со која се укинува котизаци…