Ракометниот тим на Вардар претрпе големи промени после минатата сезона и поради тоа пред почетокот на сезоната ЕХФ не го сместуваше помеѓу десетте фаворити за фајнал-фор (тука)
Сепак, на самиот старт после пет одиграни натпревари во Лигата на шампионите работите се променија. Вардар предводен од Парондо повторно игра фантастично и во првите пет натпревари стигна до четири победи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според ЕХФ Вардар сега е четврти фаворит за освојување на Европа.
„Вардар претрпе големи промени и изненади оваа сезона. Парондо изгледа го пронајде вистинскиот баланс при изградбата на тимот. Рано е да се носат заклучоци, но Вардар засега импресионира“, стои во анализата на ЕХФ од каде што како што споменавме тимот на Парондо е четврти фаворит.
Во овој момент Барселона е лидер во групата, потоа следуваат ПСЖ и ПИК Сегед, а веднаш зад нив е Вардар.