Maкедонскиот фудбалер Елиф Елмас вечерва го очекува натпреварот против Реал Мадрид, неговиот Лајпциг е домаќин на „кралевите“ кои и оваа сезона се едни од најсериозните кандидати за европскиот трон.
Елмас играше против Реал Мадрид и во групната фаза како фудбалер на Наполи, а по трансферот во Лајпциг во зимскиот преоден рок го чекаат нови две пресметки со гигантот од Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред денешниот натпревар Елмас зборуваше за шпанската „Марка“. Очекувано, за Реал Елмас имаше само пофални зборови и покажа голем респкет кон тимот кој во своите редови ги има едни од најдобрите фудбалери во свњетот.
Елмас порача дека Лајпциг секогаш оди на победа, иако признава дека Реал е фаворит како и против најголем дел од тимовите.
„Реал Мадрид е посебен клуб, против кого тие не се фаворити, тука нема дилеми. Сепак, во фудбалот не победуваат секогаш фаворитите. Лајпциг е тим кој секогаш оди на победи, така ќе биде и вечерва. Ќе ги следиме насоките од тренерот и ќе го дадеме нашиот максимум“, изјави Елмас.
Натпреварот помеѓу Лајпциг и Реал се игра во стандардниот термин од 20:45 часот, додека во вториот натпревар денеска силите ќе ги одмерат Копенхаген и Манчестер Сити.