Дома Фудбал Останато Eлмас: Играм каде што ќе ми каже Спалети, не знам на која позиција сум најдобар

Eлмас: Играм каде што ќе ми каже Спалети, не знам на која позиција сум најдобар

Елиф Елмас вчера блесна и со два гола го одведе Наполи во нокаут фазата од Лигата на Европа, така македонскиот „дијамант“ ја завршува групната фаза вп Лига Европа со четири гола и една асистенција во шест натпревари.

Против Лестер Елмас уште еднаш покажа зошто Спалети има толку доверба во него и посочи дека игра онаму каде што ќе му каже тренерот.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Не знам каде играм најдобар, навистина. Знам дека играме секаде каде што ќе ми каже Спалети и среќен сум што сум во тимот. Друго не можам да ви одговарам. Ова беше важна ноќ за нас, среќен сум поради головите, најважно е што одиме понатаму. Покажавме дека сме тим со карактер“, изјави Елмас.

Наполи од групата продолжува понатаму со Спартак Москва која заврши како првопласирана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најмала земја во историјата успеа да се квалификува за Светското првенство

КУРАСАО го освои местото како најмала земја во историјата која се квалификувала за Светско…