Дома Фудбал Дуел кој се чекаше: Меси и Јамал ќе ги гледаме во ист натпревар!

Дуел кој се чекаше: Меси и Јамал ќе ги гледаме во ист натпревар!

Целиот свет е воодушевен од талентот на Ламин Јамал кој што многу наликува на Лео Меси, и сега пристигна една возбудлива вест.

Нема да ги видиме во ист тим, бидејќи во сегашниот контекст тоа е премногу нереално, но ќе ги гледаме како противници на теренот!

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


ФИФА потврди дека и овој пат ќе се одигра „Финалисима“, нешто како Суперкупот каде се среќаваат актуелните шампиони на Европа и Јужна Америка – односно Шпанија и Аргентина.

Интересно е тоа што Финалисима официјално постои уште од 1985 година, под името „Куп Артемио Франки“, но беше одржана само тогаш и во 1993 година, а потоа следеше пауза до 2022 година, кога се сретнаа Аргентина и Италија.

Аргентина има освоено два од трите трофеи, победувајќи ја Данска на пенали во 1993 и Италија со 3:0 во 2022 година. Првата Финалисима, односно „Купот Артемио Франки“, го освои Франција со победа над Уругвај во 1985.

ФИФА засега само потврди дека Шпанија и Аргентина ќе играат и четвртото издание на „Финалисима“, но точниот датум ќе биде дополнително соопштен во договор со федерациите на европските и јужноамериканските шампиони.

И сигурно е дека ќе биде многу интересно да ги гледаме Лео Меси и 20 години помладиот Ламин Јамал истовремено на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чекањето за трофеј заврши, Тотенхем ја освои Лига Европа

Фудбалерите на Тотенхем ја освоија УЕФА Лига Европа, откако во големото финале во Билбао г…