Дома Останати Кошарка Драма: Бомбардирањето на Абу Даби прекина кошаркарски натпревар! (Видео)

Драма: Бомбардирањето на Абу Даби прекина кошаркарски натпревар! (Видео)

Квалификацискиот турнир за натпреварувањето NextGen во рамките на Евролигата беше прекинат поради нападот на Иран на Абу Даби.

Абу Даби е домаќин на турнирот за младинци, а во него учествуваат тимови до 18 години: Реал Мадрид, Жалгирис, Арис, Монако, Дубаи, Абу Даби, Лондон Лајонс и Валенсија.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Во тек беше натпреварот помеѓу Монако и Арис, кој беше прекинат по што Иран изврши напад на американски воени бази на Блискиот Исток, вклучувајќи и една во Абу Даби.

Евролигата брзо го издаде следното соопштение:

„Евролигата и домаќинот активно ја проценуваат ситуацијата, а дополнителни информации ќе бидат објавени навремено“, стои во нивното соопштение.

Драматичното видео можете да го погледнете подолу:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вакво нешто досега не сме виделе: НБА натпревар беше прекинат од неподнослива бучава (Видео)

Екипите на Детроит и Кливленд беа принудени да го одложат натпреварот 18 минути во третата…