Дома Останати Кошарка Дончиќ се расплака, а неговата порака по мечот покажува дека е – господин (Видео)

Дончиќ се расплака, а неговата порака по мечот покажува дека е – господин (Видео)

Лука Дончиќ се расплака и сцената стана вирална низ целиот свет по емотивната вечер во Далас.

Лука Дончиќ е главна тема на денот во сите светски медиуми кога станува збор за кошарката.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Емотивното враќање на словенечкиот кошаркар на гостувањето на Лос Анџелес Лејкерс против Далас Маверикс беше заокружено со неговата неверојатна партија.

Лејкерс славеше со 112:97, а до победата ги водеше токму Дончиќ со 45 поени, осум скока и шест асистенции!

Особено емотивен дел беше пред почетокот на натпреварот кога Дончиќ не можеше да ги скрие солзите поради видеото кое му беше посветено од страна на Далас.

„Сите ме видоа и начинот на кој реагирав на видеото пред почетокот на натпреварот. Сите овие навивачи, јас ова премногу го почитувам. Благодарам на сите”, започна Дончиќ во изјава по натпреварот за „ЕСПН“ и додаде:

„Благодарам на сите мои соиграчи кои беа вечерва тука за мене. Сега сум среќен, многу сум среќен. Сите знаат дека сакам овие навивачи и го сакам овој град, но време е и јас да продолжам понатаму.“

Коментари