Дома Останати Кошарка Дончиќ: Никој не можеше да промаши – беше забавно, но и напорно!

Дончиќ: Никој не можеше да промаши – беше забавно, но и напорно!

Ѕвездата на Далас маверикс, Лука Дончиќ истакна дека натпреварот против Голден Стејт бил забавен, но и физички напорен.

Далас како гости во Сан Франциско го победија Голден Стејт со 143:133.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Екипата на Дончиќ така го забележаа 17. триумф оваа сезона во НБА лигата, а средбата во Сан Франциско беше историска бидејќи на овој натпревар беа постигнати најмногу тројки во историјата на НБА, вкупно 48.

„Ниту еден тим не можеше да промаши. Беше забавен натпревар со многу шутеви, но многу физички напорен“, рече Дончиќ по натпреварот.

Далас до победата го предводеше словенечкиот интернационалец Лука Дончиќ со 45 поени (10/12 за два, 6/11 за три, 7/9 слободни фрлања), 13 асистенции и 11 скокови, со три украдени топки и две блокади.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Генијалноста повторно на дело: Јокиќ со уште едно додавање ги воодушеви навивачите! (Видео)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ, еден од најдобрите на светско ниво, уште еднаш покажа дека…