Дома Фудбал Директорот на Јувентус збеснал: Среден ноќ го побарал хрватскиот стратег?!

Директорот на Јувентус збеснал: Среден ноќ го побарал хрватскиот стратег?!

Јувентус доживеа тежок пораз дома од Аталанта (0:4) во 28 коло од Серија А. По овој резултат, Аталанта се оддалечи на шест бода предност пред Јувентус на лигашката табела и се наоѓа на третото место. Интер е сè уште на прво место со 61 бод, а на второ место, со бод помалку и два повеќе од Аталанта, е Наполи.

La Gazzetta Dello Sport и Calciomercato објавија дека навивачите на торинскиот клуб се незадоволни и многумина го напуштија стадионот пред истекот на времето, оставајќи го полупразен кога беше означен крајот на натпреварот. Покрај поразот од Аталанта, Јувентус во изминатите недели киксна и во уште два натпреварувања – ПСВ го исфрли во плејофот за осминафиналето на Лигата на шампиони, а Емполи по пенали го победи во италијанскиот куп.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


TuttoJuve, портал кој исклучиво го следи Јувентус, наведува дека дошол до ексклузивни информации, според кои директорот на клубот Кристијано Џиунтоли го контактирал Тудор веднаш по поразот од Аталанта.

Раководството на клубот се плаши дека ќе ги загуби една од првите четири позиции кои водат директно во Лигата на шампиони и поради тоа можеби се подготвени да го заменат Мота. “Во светло на вознемирувачкиот пораз можат да се случат сензационални и неочекувани промени. Според гласините што ги слушнавме утрово, директорот Кристијано Џиунтоли го контактирал поранешниот играч на Јувентус, Игор Тудор, кој е без работа, сред ноќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Испишана историја: Ова досега никогаш не се случило во НБА лигата

Сега дефинитивно може да се каже дека домашниот терен во НБА лигата не претставува некаква…