Дома Фудбал Динамо соопшти лоши вести: Адеми ја заврши годината!

Динамо соопшти лоши вести: Адеми ја заврши годината!

Повредата што македонскиот фудбалер Аријан Адеми ја заработи за време на натпреварот против Славен Белупо изминатиот викенд се покажа како посериозна од првичното очекување. За жал, оваа повреда ќе го оддалечи од фудбалските терени за подолг период.

Тренерот на Динамо Загреб, Ненад Бјелица, на денешната прес-конференција официјално потврди дека Адеми нема да биде достапен за тимот до крајот на 2024 година.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„За жал, нема да можеме да сметаме на Адеми до завршувањето на годината“, изјави Бјелица пред новинарите, додавајќи дека неговото отсуство ќе претставува значаен хендикеп за тимот.

Иако повредата го исклучува од игра за тековните натпревари, оптимистичните прогнози велат дека Адеми би можел да се врати на терените за околу три недели, под услов неговото закрепнување да оди според планот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голманот на Работнички со една од најголемите грешки сезонава му подари гол на Шкупи (Видео)

Голманот на Работнички попладнево против Шкупи направи кикс со кој им дозволи на фудбалери…