Дома Фудбал Димитриевски: Одигравме перфектен натпревар, требаше само повеќе да напаѓаме!

Димитриевски: Одигравме перфектен натпревар, требаше само повеќе да напаѓаме!

Македонија вечерва освои голем бод против Белгија, а еден од најзаслужните беше Столе Димитриевски кој одбрани неколку тешки тешки топки и не дозволи да биде совладан.

Димитриевски истакна дека Македонија била одлична во одбраната, а нагласи дека овој бод за Македонија е историски.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Ова беше тежок натпревар, на нивни терен. Играта на Белгија беше одлична во напад, но мислам дека ние бевме перфектни во одбрана. Требаше повеќе да напаѓаме, но тешко е да се излезе од прва во трета зона во напад, зашто постојано ве притискаат. Одигравме перфектно во дефанзива. Од првите натпревари на квалификации одиме на победа. За нас прво место е историја, натпреварот против Казахстан ќе биде тежок, но играме на домашен терен со наша публика. Мислам дека може да дојдеме до победа, но мора да се одмориме и подготвиме за да одиграме одличен натпревар“, порача македонскиот чувар на мрежата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бунт против Чаби Алонсо во Реал. Доказ е реакцијата на играчите за вториот гол на Елче

ПРЕД три недели ситуацијата во Реал изгледаше совршено. Тимот доминираше во Ла Лига и Лига…