
Столе Димитриевски би можел да ја напушти Валенсија во потрага по минутажа, бидејќи на „Местаља“ шансите за настап се сѐ помали. Интересно е што на радарот на шпанскиот клуб веќе се најде друг македонски репрезентативец – Бојан Миовски.
Според медиумите во Шпанија, името на Миовски е запишано во бележникот на Валенсија, но реализацијата на ваков трансфер засега не изгледа многу веројатна. Причината е што Македонецот е трет избор, зад Умар Садик од Реал Сосиедад и Кајл Ларин од Мајорка.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Преговорите за Садик не се развиваат во добра насока, што може да ја отвори вратата за следните опции. Ларин е втората мета, додека Миовски е најповолната варијанта од финансиски аспект, но во исто време и најризичната, бидејќи досега не остави впечатлив белег во Ла Лига.
Миовски стартуваше за Жирона на последниот натпревар, но очекувањата се дека до крајот на преодниот рок ќе си замине од клубот.
Кога станува збор за Димитриевски, најсериозен интерес за неговиот потпис покажуваат Елче и Селта, кои веќе водат разговори околу евентуален договор.