
Maкедонскиот кошаркар, Ненад Димитријевиќ во интервју за „Спорт клуб“ призна дека сакал да го носи дресот на Партизан, но понудата не пристигнала.
Се шпекулираше во медиумите дека Партизан има интерес за македонскиот кошаркар, меѓутоа како што вели Димитријевиќ немало ништо конкретно.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
„Никогаш не се случи ништо конкретно. Навивач на Партизан сум и сакав да играм за тој клуб, но таква понуда никогаш не сум добил“, изјави Димитријевиќ.
Сезонава Димитријевиќ со Олимпија Милано се натпреварува во Евролигата каде што во последниот период прикажува сосема солидни настапи и прераснува во еден од поважните кошаркари за тренерот Еторе Месина.