
Барселона не само што постигнува успехи на спортското поле, туку и поставува комерцијални рекорди, благодарение на неверојатниот млад талент, Ламин Јамал.
По обновувањето на својот договор со каталонскиот клуб и преземањето на легендарната десетка, дресовите со неговото име беа продадени со невидена брзина.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
За само 24 часа, се продале 70.000 дресови, што претставува нов рекорд за клубот, пренесува COPE.
Според проценките од клубот, Барселона заработила околу 10 милиони евра само од оваа продажба.
Дресовите со бројот 10 и презимето “Јамал” биле дистрибуирани во повеќе од 170 земји ширум светот, потврдувајќи го огромното глобално влијание на младиот крилен напаѓач.
Ламин Јамал, кој има само 17 години, минатата сезона за Барселона забележа девет голови и 13 асистенции на 35 натпревари во Ла Лига.
Неговиот потенцијал и во спортот и на маркетинг полето го прават еден од највредните млади фудбалери на денешницата.