Дома Фудбал Дел Пјеро брутално искрен: Ова е срамота, го загубивме идентитетот!

Дел Пјеро брутално искрен: Ова е срамота, го загубивме идентитетот!

Италија не се смирува откако фудбалската репрезентација повторно доживеа неуспех. Страсти ќе се разгорат уште подолго, и покрај тоа што оставките се редат една по друга. Меѓу последните кои јавно говореа е и големата фудбалска икона од „Чизмата“, поранешниот капитен на Азурите, Алесандро дел Пјеро.

Дел Пјеро не избираше зборови во емисијата Sky Calcio Unplugged.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Ние бевме голема сила. За жал, негативните чувства сега ја владеат сцената. Тагата, гневот, разочарувањето, неверувањето. Првиот пат беше шок. Вториот пат како ноќна мора. А сега е навистина срамота која не може да се оправда“, истакна Дел Пјеро.

Според поранешниот капитен, не е решение проблемот да се бара во еден или неколку луѓе. Тој вели дека нема смисла да се бара одговорност кај поединци.

„Не е важно кој е виновникот. Гатузо, Буфон, Гравина. Потребно е да го преиспитаме целиот контекст зад неуспехот, а не само претседателот на Сојузот.

Видовме дека многу заостануваме, не само според нашите стандарди туку и во однос на другите кои знаат како да започнат одново. Примерите од Франција и Германија покажуваат како може со внимателен избор на патот“, рече тој.

Дел Пјеро апелираше на колективна одговорност и нација со ентузијазам за обнова на фудбалот.

„Секој од нас мора да ја почувствува потребата да реагира и да почне повторно од нула. Со желба за учење и работа за решавање на проблемите, мора да го пронајдеме ентузијазмот во нас самите.

Во услови на хаос во 1982 и 2006 година, италијанскиот народ успеа да пронајде енергија и решенија. Денес, тие решенија изгледаат многу, многу далечни“, продолжи легендарниот играч.

Тврди дека не постои едноставен начин за обнова на целиот фудбалски систем:

„Тешко е да се каже. Во денешниот фудбал, идеите мора да бидат изнесени во соработка со другите; верувам во тимска работа. Не смееме да бараме само една жртва, ниту една индивидуа која ќе ги реши сите проблеми. Во споредба со другите, ние се солкаме со многу недостатоци.

Треба внимателно да анализираме што не функционира во машкиот фудбал, бидејќи женскиот и другите спортови покажуваат одлични резултати. Треба желба за повторно вклучување и изградба од почеток. Но, не сум сигурен дали фудбалот има време, трпеливост и храброст за тоа. Има проблеми во младинските категории, проблеми со стадионите, проблеми со инвестициите. Некои можат да се решат лесно, други потешко. Сето тоа зависи од луѓето, од претседателот па надолу, преку управите и тренерите“.

Дел Пјеро нагласи дека мисли дека Италија го загубила она што е најважно – идентитетот, локалната припадност и фудбалската традиција:

„Ние имавме локален фудбал, изгубивме и просторот и традицијата. Други земји имаат повеќе идентитет во клубовите – на пример, Билбао и Севиља во Шпанија.

Но, сето тоа е прашање на тимска работа. Потребен ни е тим во сите сектори и заедништво во целите. Мораме да направиме чекор назад и да си признаеме – повеќе не сме најдобри, не сме ниту втори или трети. Мораме да признаеме дека не сме тоа што мислиме дека сме. Поради тоа, потребни ни се скромност и понизност“, рече Дел Пјеро.

Не е се во парите, смета поранешниот капитен на Азурите:

„Не е сè во парите. Потребна ни е јасна стратегија, и сите чекори треба да се почитуваат. Денес сè премногу брзо се троши. Погледнете го Гасперини – тој во Аталанта стана бесмртен со тек на време. Анчелоти беше, додека јас играв во Јувентус, сметан за најлош тренер на светот, а потоа докажа спротивното.

Потребно е многу повеќе од обичното спасување. Играчите не се создаваат преку ноќ, треба да се обликуваат и да им се помогне да стигнат до врвот. Политичарите секогаш можат да зборуваат како политичари, но не и како навивачи“, заклучи тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Слот останува тренер на Ливерпул, веќе отпиша четири ѕвезди и им порача да си одат

Како што пренесуваат англиските медиуми, ништо нема да биде од доаѓањето на Хаби Алонсо на…