Дома Фудбал Деко потврди дека пристигнала официјална понуда за Јамал

Деко потврди дека пристигнала официјална понуда за Јамал

Со само 17 години, Ламин Јамал стана еден од најдобрите фудбалери во светот и играч околу кого се врти многу нешта, а Барселона со сите сили сака на него да ја гради иднината.

По исклучителните натпревари во дресот на Барселона, талентираниот Шпанец се најде на мета на европските великани и оние кои финансиски стојат многу подобро од клубот за кој настапува.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Спортскиот директор на Каталонците, Деко, призна дека клубот примил понуда која инаку не е лесно да се одбие. Според неговите зборови, ПСЖ понудил дури 250 милиони евра.

Тековниот договор на Ламин со Барселона истекува на 30 јуни 2026 година, а Каталонците презедоа конкретни чекори за да го продолжат неговиот договор.

„Обновата е на добар пат. Го гледам Ламин на необично зрело ниво. Мораме да бидеме среќни и да се радуваме, бидејќи вакво нешто не е нормално. Играч толку млад, со толку квалитет, не делува нормално.“

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Деко веќе започна преговори за првото летно засилување на Барселона!

Барселона сериозно ја разгледува иднината на Маркус Рашфорд, а најновите сигнали од Саудис…