
Иако почетокот на сезоната за Луис Хамилтон во Ферари е далеку од совршен, шефот на тимот Фред Васер порачува дека е време да престане паниката. Хамилтон ги гради основите за она што следува, а Ферари бара трпение додека трае периодот на адаптација.
Луис Хамилтон дебитираше во Формула 1 уште во 2007 година, но преминувањето во Ферари за сезоната 2025 сигурно претставува едно од најголемите поглавја во неговата кариера. Сепак, стартот на таа нова ера не беше идеален, а критиките се акумулираат од трка на трка.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Седумкратниот светски шампион сè уште бара стабилност во црвениот болид, додека Ферари поминува низ турбулентна сезона.
По седум извозени трки, заостанувањето зад водечкиот Ред Бул изнесува дури 165 поени, што е значително повеќе од очекувањата пред почетокот на сезоната.
Од друга страна, Хамилтон е свесен дека сезоната 2025 може да биде изгубена во борбата за титулата, но има поширока слика на умот.
Британецот истакнува дека ја користи оваа година како “основна”, фокусирајќи се на подготовките за 2026, кога стапуваат на сила големи промени во правилата на Формула 1.
Фото: Принтскрин
.