Дома Останати Данска го прегази Бразил за полуфинале-

Данска го прегази Бразил за полуфинале-

Ракометарите на Данска убедливо со 33:21 го совладаа Бразил и се пласираа во полуфиналето на Мундијалот.

По само 15 минути игра Данците имаа убедлива предност од 10:3. До крајот на првиот дел Бразилците успеаа да намалат на три разлика (15:12), но тоа беше се што направија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во вториот дел Данците ја вратија предноста од пет гола, а Бразил беше немоќен и само прашање беше со колкава разлика ќе загуби.

Кај победниците најефикасни со по шест голови беа Гидсел, Јакобсен и Шмид. А во бразилската селекција седум пати во листата на стрелците се запиша Карваљо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

EХФ ја призна големата грешка: Португалија била оштетена против Германија! (Видео)

Вториот круг од Европското првенство во ракомет започна овој четврток со натпреварот меѓу …