Дома Останати Данска ја прегази Португалија за ново финале

Данска ја прегази Португалија за ново финале

Ракометарите на Данска ја декласираа Португалија со резултат 40:27 во полуфиналето на Светското првенство.

Данците во финале ќе играат против Хрватска и ќе имаат шанса четврти пат по ред да го освојат најпосакуваниот трофеј.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Португалците уште на самиот старт се соочија со проблеми и во почетните минути заработија дури три исклучувања, Данците знаеа тоа да го искористат и во првиот дел направија предност од четири гола.

Скандинавскиот тим силно го отвори вториот дел и брзо дојде до двоцифрено водство кое рутински го држеше до крајот на мечот.

Гидсел беше најдобар стрелец со девет гола, а Шмит постигна осум погодоци за селекцијата на Данска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Откажани се сите спортски настани во Македонија

Македонија утринава ја погоди страшна трагедија. Во катастрофален пожар кој избувна во ноќ…