Дома Фудбал Се пополнуваат местата: Овие 13 репрезентации обезбедија место на Светското првенство

Се пополнуваат местата: Овие 13 репрезентации обезбедија место на Светското првенство

Се комплетира списокот на учесници за Светското фудбалско првенство кое следната година ќе се одржи во Канада, Мексико и САД.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најново е дека Бразил и Еквадор ја потврдија својата виза за големата светска сцена, станувајќи 12. и 13. репрезентација која е сигурна за учество на Светското првенство. Пред нив, Аргентина, актуелниот светски првак, потврди учество преку јужноамериканскиот квалификациски процес.

Преку азиските квалификации, пласман обезбедија Јапонија, Иран, Јужна Кореја, Узбекистан, Јордан и Австралија, додека Нов Зеланд ја заврши својата задача преку сопствените квалификации. Домаќините – Канада, Мексико и САД – имаат загарантирано место на турнирот.

Репрезентации со пласман на Светското првенство:

САД
Канада
Мексико
Иран
Јапонија
Јордан
Јужна Кореја
Узбекистан
Аргентина
Нов Зеланд
Еквадор
Бразил
Австралија

Фото: Confederação Brasileira de Futebol/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…